Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона – Наполи пред празни трибини?

Барселона – Наполи пред празни трибини?

Реванш натпреварот во осминафиналето во ЛШ помеѓу Барселона и Наполи би можело да се одигра пред празни трибини.

Шпанската влада им препорача на сите клубови да ги затворат трибините за да се спречи ширење на коронавирусот, па натпреварот на Камп Ноу веројатно ќе се игра пред празни трибини.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Спортските случувања кои привлекуваат голем број навивачи треба да се играат зад затворени врати.“ – изјави шпанскиот министер за здравство.

Веќе е одлучено натпреварот помеѓу Валенсија и Аталанта да се игра зад затворени врати, а многу веројатно истото ќе се случи и на натпреварот помеѓу Гетафе и Интер на 19. март.

Останува да видиме дали на крајот и Камп Ноу ќе биде затворен, а ако тоа се случи, ќе биде интересно да видиме како екипите ќе се снајдат пред празни трибини.

Првиот натпревар во Наполи заврши нерешено со резултат 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Осимен ја напушта Турција и прави спектакуларен трансфер во редовите на европски гигант?!

Виктор Осимен повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а најн…