Барселона е во потрага по квалитетен стопер бидејќи тимот има дефанзивни проблеми оваа сезона.




Најголема желба на Каталонците е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат уште во зимскиот преоден рок.




Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој ги мина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.




Лил за слободата на Ботман бара 40 милиони евра, а Барселона ќе се обиде преку преговори да ја намали таа сума.




На „Камп Ноу“ веруваат дека Холанѓанецот може да биде наследник на Жерард Пике, кој веќе влезе во фудбалска зрелост.