Реал Мадрид и Барселона наскоро би можеле да се најдат во борба за потписот на ист фудбалер, пренесува шпански „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за грузискиот тинејџер, Саба Карабашвили кој има 16 години и го носи дресот на Динамо Тбилиси. Кабашвили уште во минатата сезона како 15-годишник добиваше сериозна минутажа во грузиското првенство.
Фактот што толку рано созреа и уште како 15-годишник играше за својот клуб и дека физички се истакнува со 184 сантиметри, но исто така е и одлично технички поткован го прават Кабашвили еден од најголемите таленти на својата земја.
Иако примарно е лев бек, младиот фудбалер во минатата сезона го пополнуваше и местото како дефанзивев играч за врска. Во два натпревари играше и како лево крило настапувајќи за младинскиот тим на Динамо до 19 години.