Дома Топ вести Барселона има очајна трансфер политика – дури 50% од засилувањата си заминале од тимот!

Барселона има очајна трансфер политика – дури 50% од засилувањата си заминале од тимот!

Барселона во последните три години освоија две титули во Примера и три шпански купа, па продолжија со својата класична игра, а можеа да бидат многу поуспешни доколку имаа подобра трансфер политика.

Навистина загрижувачки звучи податокот дека дури 50% од засилувањата во последните три години не се дел од екипата на Каталонците.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Пред три сезони беа купени Арда Туран и Алеиш Видал, а двајцата играчи повеќе не се во екипата, односно Турчинот замина во татковината, а Шпанецот се врати во Севилја.

Следната година пристигнаа Пако Алкасер, Самуел Умтити, Јаспер Силесен и Денис Суарез, кои се во моментот во Барселона, но само Умтити беше вистинско засилување, додека Лукас Дињ и Андре Гомеш неодамна заминаа во Премиерлигата, поточно во Евертон.

На „Гудисон парк“ замина и Џери Мина, минатогодишното засилување, а претходно го напуштија клубот и Паулињо, Жерар Делофеу, додека во екипата останаа Филипе Кутињо, Осман Дембеле и Нелсон Семедо.

Седум од 14 засилувања повеќе не се во Барселона и тоа дефинитивно не е статистика со која може да се пофалат Каталонците, иако и тие грешки им носат титули, но сигурно можеа да бидат многу подобри доколку барем 10 засилувања беа вистински за екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нова бура во Италија: Во скандалот со обложување се појавија нови обвинети

Италијанските медиуми на насловните страни ја носат веста која прв ја објави „Кориере дела…