Дома Трансфер зона Барселона за Халиловиќ го пушти во Динамо, сега може да го врати во Каталонија

Барселона за Халиловиќ го пушти во Динамо, сега може да го врати во Каталонија

Одличниот фудбалер на Динамо кој беше дел од зделката за Халиловиќ би можел веќе во јануари да се врати во Барселона.

Станува збор за Дани Олмо кој оваа сезона игра одлично и го привлече вниманието на европскиот клубови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


За Шпанецот ова би било враќање во Барселона каде што својата деветта година беше дел од „Ла Масија“ пред да замине во Динамо каде што дебитираше на 17 години.

Тој беше дел од трансферот на Халиловиќ кој се покажа како апсолутно промашување и никогаш не ги оправда очекувањата. Халиловиќ беше испраќан на позајмици, а сега е во Милан, но и таму тешко дека ќе направи нешто посебно.

Олмо во меѓувреме дебитираше за младата репрезентација на Шпанија, иако се шпекулираше дека ќе настапи за Хрватска.

Засега нема најави колку би можел да изнесува овој трансфер, но нема сомневање дека хрватскиот клуб и овој пат добро би ја наполнил касата.

https://www.youtube.com/watch?v=gAcWYp8dpVA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…