Барселона продолжува да на намалува цената на Филипе Кутињо со надеж да го продаде Бразилецот што е можно поскоро.
Каталонските медиуми откриваат дека Барселона е спремна да прифати понуда од 70 милиони евра за Кутињо. Најголем инетрес за неговиот потпис има од клубовите од Премиер лигата, но ретко кој е спремен да ја плати оваа сума.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неодамна се појави информација дека Кутињо и неговиот агент прават се што е во нивна моќ за Бразилецот да се врати на „Енфилд“, но такво сценарио е тешко остварливо.
Најпрво цената на Кутињо беше 120 милиони евра, но откако Баерн одби да го откупи, цената падна на 100 милиони евра.
Сега Барса е спремна да го продаде за 70 милиони евра бидејќи има потреба од финансии за трансфер пазарот.