Дома Трансфер зона Барселона договори 19-годишен Бразилец

Барселона договори 19-годишен Бразилец

Додека првенството е во прекин поради пандемијата со коронавирусот, раководството на Барселона работи на засилување на тимот за иднината.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците го договориле 19-годишниот талент на Сао Паоло, Густаво Маја.

Барселона платила еден милион евра, а треба да доплати 3,5 милиони за да го донесе фудбалерот на „Камп Ноу“. Рокот за тоа е 30 јуни кога Барса би добила 70% од сопственоста на младиот фудбалер. Ако Барса не ја плати сумата во целост или се откаже, фудбалерот ќе остане во Сао Паоло.

Во моментов има само еден проблем, поради корона вирусот има застој во УЕФА и не можат целосно да се исплатат парите и да се добие сертификат.

Маја важи за еден од најголемите бразилскои таленти и беше на радарот на многу европски гиганти како Ливерпул и Атлетико Мадрид, но Барса успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Меси се огласи и категорично демантираше трансфер: Тоа се лаги! (фото)

Денес аргентинскиот медиум „ТНТ“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Лионел Меси би …