Барселона е силно заинтересирана за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.
Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО, па беше прогласен за МВП на мечот против Португалија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година, а силен интерес за него покажува уште и Манчестер Сити.
Барселона сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнала преговори со Аталанта.
Италијанскиот клуб е спремен да го продаде играчот, но за слободата на Госенс бара 35 милиони евра.
Каталонците треба да побрзаат, бидејќи Манчестер Сити е спремен да ја плати оваа сума.