Според најпознатите медиуми во Италија, Интер договорил продажба на Робин Госенс во Унион Берлин за 15 милиони евра, а на негово место за 13 ќе го доведат Карлос Агусто од Монца.
Во текот на летото Госенс често се поврзуваше со можно заминување од Интер, а сега конечно договор бил постигнат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информацијата ја објави и познатиот Фабрицио Романо. Очекувањата се многу брзо двата трансфери да бидат комплетирани.
Интер така веднаш ќе доведе замена за Госенс, но и ќе оствари добивка од два милиони евра.