Трансфер сагата околу Миралем Пјаниќ околу евентуален трансфер во Барселона се уште не е завршена.
Во шпанските медиуми веќе десетина дена се зборува за тоа дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона, додека од Апенините стигнуваат пораки дека тоа нема да се случи. Италијанските медиуми денеска објавија дека Пјаниќ и Јуве веќе на големо преговараат за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мундо Депортиво неодамна објави дека од Барселона веќе го контактирале агентот на Пјаниќ што го запалил алармот кај Старата дама. Наводно, Барса е спремна за Пјаниќ да плати помеѓу 60 и 70 милиони евра. Сепак, Јуве има сериозни планови со Пјаниќ и челниците на овој клуб во иднина го гледаат како предводник на тимот.
Целта на челниците на Јуве е што побрзо да го продолжат договорот со Пјаниќ, а како што пишуваат тамошните медиуми таа опција е се пореална. Босанскиот репрезентативец моментално има договор до 2021. година, а се шпекулира дека новиот договор ќе биде во важност до 2023.