Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона е силно заинтересиранa за играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 24 годишен десен бек оваа сезона блеска во дресот на Ајакс па го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Барселона сака да го донесе без обештетување на „Камп Ноу“.
„Спорт“ пренесува дека Барселона стапила во контакт со неговиот агент и започнала преговори со Мароканецот.




Чави сака да ја засили десната бековска позиција и верува дека Мазрауи одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.




Барселона е многу внимателна со играчите кои ќе бидат слободни агенти на лето, па преговара уште со Кристенсен и Кеси.