Дома Топ вести Барса на Сетиен има посед, нема игра!

Барса на Сетиен има посед, нема игра!

На Кике Сетиен не му оди на почетокот на неговата кариера во Барселона и тоа станува сосема јасно.

Пред неколку дена Барселона едвај славеше против третолигашот Ибица, а денес Каталонците изгубија на гостински терен од Валенсија со 0:2.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Барселона со Сетиен има посед, но изгледаат безопасно, тешко создаваат прилики за гол.

Валенсија можеше да стигне до предност на самиот старт меѓутоа Тер Штеген го одбрани пеналот на Максимилијано Гомез. По овој гол на Валенсија домаќинот имаше неколку одлично прилики и Барселона имаше 0:0 на полувремето само поради одличниот Тер Штеген на голот.

Второто полувреме не донесе некои големи промени, Барселона ја држеше топката, а Валенсија создаваше подобри прилики за гол.

Мрежата на гостите се затресе само после три минути игра кога после еден шут топката го погоди Алба го промени правецот и го измами Тер Штеген. Во 77. минута Гомез се поправи за промашениот пенал и ги постави конечните 2:0.

Треба да се истакне дека ова е прва победа на Валенсија против Барселона на „Местаља“ после 13 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…