Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, може да го напушти „Камп Ноу“ ова лето и да се пресели во Серија А.
Според Мундо Депортиво, каталонскиот клуб му дозволил на фудбалерот да преговара со Јувентус, кој спрема богата понуда за Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артур е важен фудбалер на Барселона, но поради економските потешкотии клубот ќе биде приморан да го продаде. Притоа, плејмејкерот бара продолжување на договорот и повисока плата, па тоа е уште една причина Барса да заработи на него.
Бразилецот е голема желба на Маурицио Сари кој во него гледа идеална замена за Миралем Пјаниќ, кој е на излезна врата од клубот.