Дома Топ вести Барса може да остане без „сигурното“ засилување

Барса може да остане без „сигурното“ засилување

Арсенал и Челзи можат сериозно да ги расипат плановите на Барселона и да го „украдат“ Ерик Гарсија пред носот на Каталонците.

20-годишниот талент се смета за скоро сигурно засилување на Барселона, бидејќи неговиот договор со Манчестер Сити истекува на лето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека двете страни имаат усен договор, но Барса се уште не испратила официјална понуда. Тоа им дозволува на другите заинтересирани клубови да преговараат со неговиот агент.

Тешката финансиска ситуација ги принудила челниците од „Камп Ноу“ да пристискаат дефанзивецот да ги намали финансиските претензии. Тоа не му се допаѓа на Гарсија и е спремен да слушне други понуди.

Ерик Гарсија на маса веќе има богати понуди од Манчестер Сити, Арсенал и Челзи, па им поставил ултиматум на Каталонците. Барселона има еден месец да ја израмни понудата, или дефанзивецот ќе потпише за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …