Раководството на Барселона не се откажува од идејата да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, тврдат каталонските медиуми.
Барселона во текот на целото лето се обидуваше да го купи Бразилецот, но на крајот не најде заеднички јазик со Пари Сент Жермен, иако самиот Нејмар инсистираше да се врати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите блиски до Барселона тврдат дека Каталонците и следното лето ќе прават обиди да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“ и сметаат дека тогаш ќе имаат многу поголеми шанси.
„Нејмар подготува враќање во Барса во 2020 година“, тврди „Мундо Депортиво“.
Другата голема вест во каталонските медиуми денес е дека Валверде сака да го стави 16-годишниот Ансу Фати во првиот тим и да му дава поголема минутажа оваа сезона.