Арда Туран ова лето сигурно ќе го напушти Камп Ноу, а каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона за неговата слобода ќе бара 28 милиони евра.
Каталонски „Спорт“ пренесува денес дека агентот на Арда Туран веќе преговара со Интер, но дека италијанскиот клуб е спремен да понуди најмногу 20 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Барселона бара 30 милиони, но е спремна да прифати понуда од 28 милиони евра, со оглед на фактот дека за неговиот потпис му платија на Атлетико 37 милиони евра,
Каталонците немаат потреба да брзаат со оглед на фактот што за Турчинот се заинтересирани многу клубови ширум Европа, пред се Арсенал кој во него гледа идеална замена за Месут Озил.
Сепак, Интер не се откажува од намерата да го донесе Арда Туран на „Џузепе Меаца“ и наскоро ќе започне преговори со Барселона со цел да најдат заенички јазик околу обештетувањето.