Барселона ова лето остана без Лео Меси, а сезоната ја започна лошо, па сака да донесе големо засилување во зимскиот преоден рок.
Барселона во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе Дани Олмо на „Камп Ноу“, но трансферот не се реализираше, па тој ќе биде примарна цел во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олмо е дете на Барселона играше за младинските селекции на овој клуб во период од 2007 до 2014 година кога се пресели во Динамо Загреб, а моментално блеска во дресот на Лајпциг.
Шпанската „Ла Секста“ објави дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.