Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за историскиот меч со Косово кој ќе се игра на 26-ти март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
За Енис Барди тој меч ќе биде посебен и многу емотивен, бидејќи има корени од Косово, но истакна дека ќе даде се од себе за да победи Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум и благодарен, како и на сите луѓе кои многу ми помогнаа. Не чека пресметка со Косово, а за мене ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, ама на терен ќе играм за Македонија и ќе направам се за да победиме. Ние играме за успех, а играњето со Македонија на Евро 2020 е еден од тие цели“, изјави Барди.
„Јас ќе уживам во мечот, знам дека ќе биде тежок и тврд, но ќе дадам се од себе, а и верувам дека ние сме подобри. Главната сила на Македонија не сум само јас, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски и многу други. Ќе биде забавно, а јас само се надевам дека нема да има неспортски работи, зашто спортот треба да ги спојува луѓето. Ќе биде возбудливо“, додаде играчот на Леванте за косовските медиуми.