Дома Фудбал Репрезентации Барди добро знае како се матира Тер Штеген! 🎥

Барди добро знае како се матира Тер Штеген! 🎥

Репрезентацијата на Македонија утре игра натпревар против силната Германија во рамките од 20:45 часот.

Секако дека Германците се фаворити, но како и што кажа капитенот Горан Пандев на денешната прес-конференција – чуда се случуваат, зошто да не се случи чудо и утре?

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според некои најави од германските медиуми на овој натпревар место Мануел Ноер ќе стартува Марк Андре Тер Штеген. И двајцата се фантастични голмани, меѓутоа кај Енис Барди сигурно убави сеќавања буди името на Тер Штеген.

На 13. мај 2018 година во Леванте ја победи Барселона со 5:4, а два гола во овој натпревар постигна токму Барди. Нека биде нешто слично и утре!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…