Жером Боатенг по секоја цена сака да го напушти Баерн Минхен ова лето, а во последно време силно се шпекулира со негов трансфер во Пари Сент Жермен.
Францускиот шампион го сака Боатенг во своите редови, а раководството на Баерн е спремно да му ја исполни желбата на Германецот, па ја спушти неговата цена на 30 милиони евра. Меѓутоа, сега раководството на ПСЖ одолговлекува и се предомислува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ го донесоа Тило Кехрер од Шалке и така ја засилија одбраната, а сега приоритет им е левата бековска позиција. Меѓутоа, за да донесат нови засилувања мораат да продадат некој фудбалер поради Финансискиот фер-плеј.
Медиумите тврдат дека неколку фудбалери ќе го напуштат ПСЖ до крајот на преодниот рок, па така ќе се отвори патот на Боатенг до „Паркот на Принцовите“.