Италијанските медиуми изминатите недели најавуваа дека Јувентус е во преговори со Баерн за Даглас Коста, а денес стигна потврда дека трансферот е пред реализација.
Имено, извршниот директор на Баерн, Карл-Хјнц Румениге потврди дека преговорите се при крај.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Сеуште не сме постигнале комплетен договор, но сме во завршна фаза и наскоро се треба да биде готово“, изјави Румениге.
Вкупниот трансфер ќе изнесува 40 милиони евра, со тоа што Јувентус најпрво ќе плати 10 милиони за едногодишна позајмица, а следното лето ќе биде обврзан да доплати додатни 30 милиони за целосно да го откупи договорот.