Фудбалерите на Баерн не успеаа да слават на гостувањето кај Лајпциг, додека главниот конкурент Борусија Дортмунд освои три бода на домашен терен против Фортуна Дизелдорф.
Дортмунд поведе во 41. минута од мечот преку Кристијан Пулишиќ, а гостите на стартот на вториот дел израмнија на 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деланеј го врати Дортмунд во предност во 53-та минута, а Геце зголеми на 3:1 во последната минута. Во судиското продолжение Фортуна намали на 3:2.
Баерн иако имаше иницијатива, одигра реми без голови против Лајпциг. Во ремито прсти замеша и ВАР-технологијата кога го поништи погодокот на Леон Горецка поради офсајд позиција.
Сега шампионот ќе се решава во последното коло кога Баерн Минхен ќе го пречека Ајнтрахт, а Борусија и гостува на Борусија Мехенгладбах.