Јуп Хејнкес денес и официјално беше пртставен како тренер на Баерн, по четврти пат во неговата голема кариера, а тој со себе си донесе и негов стручен штаб.
Хејнкес се враќа во Минхен после сезоната 2012/2013 во која освои тројна круна. Овој искусен Германец одлучи повторно да соработува со својот стар пријател Питер Херман кој ќе му биде помошник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Херман имаше договор со лидерот во втората германска лига, Фортуна Дизелдорф. Неговиот договор имаше важност до крајот на сезоната, а бидејќи мораше да биде раскинат за Херман да пристигне во Баерн германскиот гигант мораше да плати оштета.
Секако, на Баерн не му беше тешко да плати „само“ два милиони евра за да ја исполни желбата на Хејнкес.