Германскиот репрезентативец Себастијан Руди после само една година го напушти Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Шалке.
Новиот тренер на Баерн, Нико Ковач му ја отвори излезната врата на Руди бидејќи нема да смета на него во новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако првичните информации беа дека Руди ќе замине во Лајпциг, тој во последен момент ја промени одлуката и направи траснфер во Шалке.
Баварците од продажбата ќе инкасираат 16 милиони евра, а во иднина од разни бонуси можат да добијат дополнителни 4 милиони евра.
Руди се очекува утре откако ќе ги мине лекарските прегледи и официјално да биде претставен пред фановите на Шалке.