Борусија Дортмунд и Баерн Минхен нема да се вклучат во новосоздадената Суперлига и ќе ја поддржат реформираната Лига на шампиони.
Ова официјално го објави извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„И Борусија Дортмунд и Баерн Минхен имаат 100% идентични гледишта на оваа тема. Нашите клубови сакаат реформирана Лига на шампиони. Плановите за основање на Суперлига ги отфрламе“, изјави Вацке.
Претседсателот на УЕФА, Александар Чеферин потврди дека играчите од Суперлигтаа нема да можат да играат за репрезентации. (ОВДЕ)