Иако се уште не официјално потврдено, сепак германски „Билд“ повикувајќи се на извори блиски до клубот тврди дека Баерн ќе го казни Ноер.
Според информациите на реномираниот медиум Баерн нема да има милост кон Ноер и казната ќе биде остра. Причината за казната е непримерната изјава во јавноста кога неговиот близок пријател и тренер на голманите, Тапаловиќ доби отказ oд клубот. Тапаловиќ во клубот работеше од 2011 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, веројатно влијание за високата казна има и тоа што Ноер по настапот за Германија на Светското првенство без дозвола од клубот замина на скијање каде што ја скрши ногата и ќе биде надвор од терените од крајот на сезоната.
Баерн сега го казни со една негова месечна плата во износ од 1.6 милион евра, меѓутоа исто така ќе му биде одземена и капитенската лента.