
Фудбалерите на Лацио и Баерн вечерва на „Олимпико“ ќе играат во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот шапион на Европа во Рим доаѓа како голем фаворит, ноЛацио сигурно нема така лесно да се предаде и ќе се обиде да направи изненадување.
Римскиот клуб сака да дојде до добар резултат пред реваншот кој се игра наредниот месец во Минхен. Двата тренери ќе излезат со најсилните состави, италијанските медиуми ги објавија и најверојатните состави.
ЛАЦИО: Реина, Патрик, Ачерби, Мусакио, Лазари, Леива, Марушиќ, Милинковиќ-Савиќ, Луис Алберто, Кореа, Имобиле.
БАЕРН: Ноер, Суле, Боатенг, Хернандез, Дејвис, Кимих, Алаба, Сане, Горецка, Коман, Левандовски.