Дома Трансфер зона Атлетико и Баерн постигнаа „џентлменски“ договор за Лукас Ернандез

Атлетико и Баерн постигнаа „џентлменски“ договор за Лукас Ернандез

Атлетико Мадрид и Баерн Минхен постигнале џентлменски договор, па трасферот на Лукас Ернандез со сигурност нема да биде реализиран во јануари, пренесува „АС“.

Вчера имало средба помеѓу агентите и претставници на двата клуба и било договорено Ернандез да ја заврши сезоната во Атлетико, а на лето да биде донесена конечмна одлука.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред неколку дена се појави информација дека Баварците се спремни да ја активираат откупната клаузула на Французинот која изнесува 80 милиони евра. Меѓутоа, Баерн се согласил да се откаже од трансферот во јануари и да седне на преговарачка маса по завршувањето на сезоната.

Од друга страна Атлетико во наредните месеци ќе се обиде да убеди Ернандез да остане и ќе му понуди нов, побогат договор. Доколку Французинот сепак реши да ја промени средината, тогаш Баерн ќе биде во пол-позиција бидејќи му нуди 4-годишен договор и 8,5 милиони евра по сезона.

https://youtu.be/FvYD5mgr0VY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…