Дома Фудбал Италија Аталанта има нови сопственици: Целта ќе биде да се бориме за титули!

Аталанта има нови сопственици: Целта ќе биде да се бориме за титули!

Се е завршено, италијанска Аталанта има нови сопственици.

Тоа што со денови се најавуваше сега доби и потврда. Американските инвеститори станаа сопственици на клубот кој во изминатите години им пркоси на фаворитите во Серија А.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На чело на инвеститорите од САД е Стефен Паљука, кој е ко-сопственик на НБА тимот Бостон Селтикси.

„Аталанта и Бостон делат исти вредности. Нашата задача ќе биде да ги зголемиме приходите, но и да станеме кандидати за титули, како во Италија, така и во Европа. Фондот е способен да ги поддржи таквите амбиции“, изјави Паљука.

Аталанта оваа сезона е на петтата позиција на табелата во Серија А со 44 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…