Дома Фудбал „АС“ го објави тимот на Реал за наредната сезона – преоптимистички или реално? (ФОТО)

„АС“ го објави тимот на Реал за наредната сезона – преоптимистички или реално? (ФОТО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан веќе на големо размислува за летниот преоден рок бидејќи во Реал Мадрид го чека огромна работа.

Зидан прифати да се врати во „кралевите“ откако си даде оставка на крајот од минатата сезона, но постави јасен услов според кој тој сам може да носи одлуки околу играчкиот кадар наредната сезона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред Реал сигурно е многу работа во наредните неколку месеци, а веќе се шпекулира кој би можел да дојде, но и кој би можел да го напушти тимот на крајот оваа сезона.

Со гигантот од Мадрид се поврзуваат многу фудбалери, а секако во центарот е Еден Азар за кого најмногу се очекува да го засили Реал. Околу Белгиецот би требало да се изгради нов и тоа како подмладен тим.

Се шпекулира за доаѓање на двете супер ѕвезди Пол Погба и Килијан Мбапе, што секако во овој момент не изгледа како нешто возможно, но во „АС“ веруваат дека Перез има моќ да му ги обезбеди овие двајца на Зидан.

Покрај нив тука е фудбалерот на Вест Хем Даклан Рајс кој со своите настапи оваа сезона привлече големо внимание. На левата бековска позиција бидејќи се очекува заминување на Марсело според „АС“ ќе пристигне Грималдо, потписот на Милитао веќе е обезбеден.

Од „староседелците“ во тимот се: Навас, Карвахал, Рамос, Иско и Винисус.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…