Дома Топ вести Артур му кажа ДА на Јувентус, Пјаниќ на чекор од „Камп Ноу“

Артур му кажа ДА на Јувентус, Пјаниќ на чекор од „Камп Ноу“

Бразилскиот плејмејкер на Барселона, Артур Мело прифати да започне преговори со Јувентус и така да се комплетира трампата помеѓу двата клуба.

Барселона и Јувентус веќе неколку недели преговараат за трампа Пјаниќ – Артур. Босанецот веќе има договор со Каталонците, но Бразилецот не сакаше да си замине од „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми тврдат дека Артур конечно започнал преговори со „старата дама“ и е отворен за преселба во Италија, што е чекор напред во реализација на трампата.

„Тутоспорт“ тврди дека сега конечно може да се вклопи последната коцна во мозаикот и да биде комплетирана трампата – Пјаниќ во Барселона, Артур во Јувентус.

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во разговор со „БиИн Спортс“ беше без коментар за иднината на Артур, што дополнително ги засили шпекулациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…