Дома Трансфер зона Арсенал ја купува бразилската ѕвезда

Арсенал ја купува бразилската ѕвезда

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде квалитетно засилување во средниот ред.

Најголема желба на „топџиите“ е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и до сега сезонава постигна 8 гола и запиша 5 асистенции.

Артета верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, но ќе треба да ја победат конкуренцијата од ПСЖ.

Лион за неговата слобода бара 60 милиони евра, бидејќи 20% од правата на играчот се уште ги има Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…