Три англиски гиганти до последно ќе се борат за играчот за врска на Брајтон, Моисес Каиседо.
Според Фабрицио Романо станува збор за Челзи, Арсенал и Ливерпул кои го сакаат репрезентативецот на Еквадор и преговараат со неговиот агент.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Брајтон ќе одби една понуда од Челзи за која се тврди дека била тешка 55 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.
„Телеграф“ пренесува дека Арсенал спрема понуда од 75 милиони фунти и е спремен да ја добие битката за Еквадорецот.
Ливерпул исто така е силно заинтересиран за Каиседо, но „црвените“ се уште не испратиле понуда.