Дома Фудбал Останато Арсенал припремите за новата сезона ги започна со победа (ВИДЕО)

Арсенал припремите за новата сезона ги започна со победа (ВИДЕО)

0

Фудбалерите на Арсенал се наоѓааат во САД на припремите за новата сезона.

„Топџиите“ припремите ги започнаа пред седум дена, а вчера го одиграа првиот пријателски натпревар. Противник на тимот на Унаи Емери беше Колорадо Рапидс, тим против кој Арсенал на крајот славеше со 3:0.

Секако, Емери во овој натпревар шанса им даде сите играчи бидејќи сакаше да види на кого може сериозно да смета во продолжение од припремите. Арсенал поведе уште во 14-тата минута кога гол постигна Сака.

До втор гол англискиот клуб стигна во 29-тата минута и овој пат стрелец беше Олајнук. Конечните 3:0 ги постави Мартинели со голот во 61-та минута од натпреварот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…