Дома Фудбал Останато Арсенал повторно воодушевува: Навивачите не паметат вакво нешто уште од 2007 година!

Арсенал повторно воодушевува: Навивачите не паметат вакво нешто уште од 2007 година!

Aрсенал вечерва на гостински терен го совлада Спортинг Лисабон во натпревар од третото коло во Лигата на Европа и така уште еднаш ги израдува своите навивачи кои оваа сезона конечно имаа причина за задоволство.

Единствениот гол во натпреварот беше дело на Дани Велбек во 77-та минута, а со овие три бода „топџиите“ се со максимален учинок на врвот во својата група.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Освен што Арсенал победува игра и убав фудбал што на навивачите им дава надеж дека оваа сезона може да биде подобра од претходните кога играа под своето ниво.
За Арсенал вечерашната победа беше 11-та во низа, а таква низа „топџиите“ не паметат уште од 2007 година.

На овие 11 натпревар Арсенал постигна 31 погодок и прими девет, а на четири ја зачува недопрена својата мрежа.

Прилика за продолжување на импресивната низа Арсенал ќе има за викнедот кога во 10-тото коло од Премиер лигата ќе му гостуваат на Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар ја протна топката помеѓу нозете на противник од 280 килограми, видеото стана хит (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар, еден од најпознатите фудбалери на денешницата, повторно го пр…