Дома Фудбал Англија Арсенал нема да го отпушти Артета: Клубот се уште му верува

Арсенал нема да го отпушти Артета: Клубот се уште му верува

Во Арсенал изгледа дека после победата над Челзи немаат намера да го променат тренерот.

Микел Артета барем засега не се прослави во Арсенал и неговиот тим после 15 одиграни кола е во долниот дел на табелата, но победата над градскиот ривал Челзи на „Емирати“ придонела раководството да продолжи да му верува.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според познатиот новинар Фабрицио Романо, Артета ја има целата поддршка од управата на клубот. Управниот одбор на „топџиите“ гледа вистински човек во Артета за изградба на долгорочен проект.

Поддршка за Артета јавно неодамна искажа и Пеп Гвардиола кој порача дека клубот треба да му даде време.

Ситуацијата во Арсенал можеби ќе беше поинаква ако Артета не победеше во градското дерби во саботата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија ја чека жешка атмосфера во Копенхаген – Данците го распродадоа стадионот!

Македонската фудбалска репрезентација во четврток ја очекува тежок предизвик – полуфинални…