Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа.
27-годишниот напаѓач игра одлична сезона со 25 гола и две асистенции на 26 настапи за Штутгарт е еден од најефикасните напаѓачи во Европа.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во моментов Арсенал и Милан се клубовите кои покажуваат најголем интерес за Гираси.
Се очекува двата клуба на лето да водат голема битка за неговиот потпис. Милан ќе се раздели со Оливие Жиру, па во Гираси гледаат идеална замена.
Напаѓачот од Гвинеја има откупна клаузула од 18 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.