Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа.
27-годишниот напаѓач игра одлична сезона со 24 гола и две асистенции на 22 настапи за Штутгарт е еден од најефикасните напаѓачи во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во моментов Баерн Минхен и Милан се клубовите кои покажуваат најголем интерес за Гираси.
Се очекува двата клуба на лето да се разделат со по еден напаѓач. Ерик Максим Чупо-Мотинг ќе замине од Баерн, додека Милан ќе се раздели со Оливие Жиру, па во Гираси гледаат идеална замена.
Напаѓачот од Гвинеја има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.