Плејмејкерот на Јувентус, Артур Мело е примарна трансферна цел на Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.
Бразилециот не е во плановите на Макс Алегри и Арсенал е еден од клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Микел Артета сака да го засили средниот ред и верува дека Артур идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Со оглед на фактот дека другите заинтересирани клубови не можат да си ја дозволат платата на Бразилецот, во овој момент Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис.
Во моментов преговорите помеѓу двата клуба се во почетна фаза, а намерата на Арсенал е да го донесе Бразилецот на позајмица со право на откуп.