Арсенал е фаворит во битката за потписот на ѕвездата на Вест Хем, Даклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.
Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес, а тој сигурно ќе го напушти Вест Хем на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со Вест Хем, па „чеканите“ ќе мора да го продадат на лето, а за неговата слобода бараат 100 милиони евра.
Арсенал е спремен да го продаде големиот талент Балогун, за кого интерес покажуваат Лајпциг и Милан. Неговата цена изнесува околу 30 милиони евра, а „топџиите“ со тоа ќе финансира дел од трансферот на Рајс.