Дома Фудбал Анчелоти се чува за Ливерпул: Против Осасуна без Крос и Бензема

Анчелоти се чува за Ливерпул: Против Осасуна без Крос и Бензема

Фудбалерите на Реал Мадрид сакаат да продолжат да прават притисок на Барселона во Ла Лига, но во исто време и повторно ја напаѓаат Лигата на шампионите.

Во претстојниот период „кралевите“ ги чека тежок распоред, затоа што играат против Ливерпул, Атлетико Мадрид, па Барселона. Затоа Анчелоти мора да ги ротира своите фудбалери.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бензема натпреварот со Елче во средата го заврши со болки, но не беше повреден, сепак тој нема да игра во Памплона. Исто така одмор доби и Тони Крос кој дуелот со Елче го пропушти поради болест.

Добра вест за Реал е што Тибо Куртоа се опорави од полесната повреда и се врати во тимот, додека се уште италијанскиот стратег не може да смета на Ферлан Менди и Маријано Диаз. Реал Мадрид против Осасуна игра во сабота од 21:00 часот, а потоа во вторник во истиот термин против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…