Дома Фудбал Анчелоти: Разбирам зошто Азар, Марсело и Асенсио се лути

Анчелоти: Разбирам зошто Азар, Марсело и Асенсио се лути

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ги остави Азар, Марсело и Асенсио на клупата за резерви во натпреварот против Шахтјор.

Медиумите по натпреварот пишуваа дека „тројката“ била лута на Анчелоти што не добиле шанса. Прашање на таа тема доби и Анчелоти по натпреварот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Нормално е тие да бидат лути. Добро знам што размислува секој фудбалер кој се загревал 40 минути, а не влегол во игра. Им кажав дека ми е жал, но едноставно не сакав ништо да менувам. Секако дека имаат квалитет и искуство, Марсело повеќе пати ја освои ЛШ, но сепак ова е моја работа и јас одлучувам за доброто на тимот“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Вардар беше оштетен за пенал во дербито со Пелистер? (Видео)

Во Битола попладнево се игра дербито од македонското фудбалско првенство помеѓу Пелистер и…