Дома Фудбал Останато Анчелоти кон управата на ПСЖ: Верати не сакаше во Барса, тој играше игра!

Анчелоти кон управата на ПСЖ: Верати не сакаше во Барса, тој играше игра!

Карло Анчелоти тврди дека одлично го познава својот сонародник, Марко Верати, а она што сега го откри во медиуми веројатно нема да им се допадне на сопствениците на ПСЖ.

Тренерот на Баерн Минхен пред пресметката со ПСЖ во Лигата на шампионите зборуваше за неговиот сонародник од редовите на францускиот клуб, Марко Верати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека Анчелоти се обидуваше да го доведе Верати во Реал Мадрид, а ова лето и во Баерн Минхен, но сепак не успеа.

Помеѓу екипите кои го посакуваа Верати беше и Барселона и фудбалерот неколку пати во јавноста истакнуваше дека сака трансфер во шпанскиот гигант, но Анчелоти смета дека Верати имал поинакви намери.

„Тој всушност никогаш не сакаше да премине во Барселона. Тој играше игра, бидејќи сакаше нов подобар договор. Го познавам многу добро, јас не сакам такво однесување. Некои играчи навистина сакаат да заминат, а некои пак го користат интересот на другите клубови за да добијат подобар договор, такво нешто се обидуваше да направи и Верати“, истакна Анчелоти.

Италијанецот после четири години ќе се врати на „Паркот на принцовите“ каде што ќе гостува со својот сегашен клуб Баерн Минхен.

„Многу сум возбуден. ПСЖ сега е многу поинаков тим отколку од пред четири години кога јас бев нивни тренер. Клубот многу напредуваше, имаат многу пари, но и повеќе искуство, станаа голем клуб. Среќен сум што ќе се вратам и што ќе ги видам навивачите и некои стари лица како што се Тијаго Силва, Рабиот, Мота, Верати и Пасторе, кои и понатаму се членови на овој клуб“, заврши Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…