Дома Фудбал Англија Анчелоти го штити Гвардиола: Немојте да го напаѓате!

Анчелоти го штити Гвардиола: Немојте да го напаѓате!

0

Поради лошите резултати и неспретните изјави, медиумите почнаа да шпекулираат дека Пеп Гвардиола нема уште долго да се задржи во Манчестер Сити.

Критичарите тврдат дека неговиот систем на игра на е добар за Премиер лигата, а некои сметаат дека неговата конечна цел е да се врати во Барселона во улога на претседател на клубот.

Сити моментално е четврти на тебалата во Премиер лигата, а неговиот колега Карло Анчелоти јавно му пружи поддршка на каталонскиот стратег.

„Кога во фудбалот работите одат одлилно сите ги фалат играчите, кога е лошо тогаш се обвинува тренерот. Кога еден тренер ќе стигне во нова лига му треба време за да се прилагоди. Тоа не е лесно. Сигурен сум дека Гвардиола во Сити ќе заврши одлична работа, исто како што го направи тоа овде во Баерн, но му треба време“, изјави Анчелоти.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Ова е најдобриот голман на светот: Во овој момент Каталонците поседуваат „незаменливо чудо“

Марк Андре тер Штеген е најдобриот голман на светот. Така барем тврди дефанзивецот на Барс…