На 1. јуни на „Вембли“, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе играат во финалето од Лигата на шампионите, а денеска за оваа средба зборуваше стратегот на „кралевите“, Карло Анчелоти.
За многумина Реал Мадрид во финалето важи за голем фаворит, меѓутоа Карло Анчелоти сепак не е толку сигурен и имаше пофалби за „милионерите“.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Неделата ја започнуваме со полна самодоверба. Пред нас е недела за уживаме, играме ново финале во Лигата на шампионите. Знам дека ќе влеземе максимално мотивирани. Ќе кажам дека не сме фаворити во финалето. Играме против тим кој како и ние, заслужи да победи. Во текот на натпреварувањето покажаа голема борбеност и квалитет имаат навистина голема посветеност и не се случајно тука. Знаеме дека треба да се бориме како во секое финале. Фокусирани ќе бидеме на сите сегменти“, изјави Анчелоти.
Тема на разговорот на Анчелоти беше и Тони Крос за кого овој натпревар ќе биде последен во дресот на Реал Мадрид.
„Крос го игра последниот натпревар и се надевам дека кариерата во Реал Мадрид ќе ја заврши со трофеј во Лигата на шампионите. Направи навистина многу досега за оовој тим. Низ годините влезе во историјата и секако е легенда без разлика на исходот на утрешниот натпревар“, истакна италијанскиот стратег.
Засега не е познато кој ќе брани од Лунин и Куртоа во утрешниот натпревар, а Анчелоти истакна дека се уште не донел одлука.