Како што информира 24ракомет.мк, станува збор за голман од Србија кој е голема перспектива. Се работи за третиот голман на репрезентацијата, кој брани за тимот на Партизан. Дејан Милосављев во март полни 22 години и е еден од најперспективните голмани така што сигурно ќе биде голман кој може да донесе квалитет и да биде дел од тимот на вардарци подолго време.

Со Милосављев, Вардар ќе добие тандем од Србија бидејќи и тој и Страхиња Милиќ се репрезентативци на нашиот северен сосед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инаку, Милосављев е голман кој има 196 сантимети и 105 килограми. На Европското првенство не доби шанса за настап, но беше трет голман и тренираше заедно со колегите така што се смета на него сериозно и во иднина. Според висината потсетува на Штербик и Милиќ, па Вардар одново ќе има тандем на високи голмани, а на теренот ќе се види како ќе се одвива формата на Милосављев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Неспортски потег на Европското првенство: Португалците ја шпиунираа Норвешка!

Во вчерашниот изедначен натпревар од Европскиот шампионат во ракомет меѓу Португалија и Но…