Дома Фудбал Репрезентации Англија ќе го организира натпреварот со Исланд во Тирана?

Англија ќе го организира натпреварот со Исланд во Тирана?

Натпреварот помеѓу Англија и Исланд би можел да се одигра во Тирана на стадионот „Аир Алабанија“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекцијата на Исланд пред гостувањето во Англија игра во Данска во Копенхаген, а во Велика Британија има правило сите оние кои на Островот доаѓаат од Данска да мораат да поминат задолжителен карантин од 14 дена.

Тоа правило ги спречува Исланѓаните да играат, па во опција се две решенија – или Англија да изгуби службено или да го организира натпреварот на неутрален терен.

Како што пренесуваат англиските медиуми неутралниот терен ќе биде Албанија која минатата година доби фантастичен стадион. Фудбалскиот сојуз на Англија преговара со Обединетото Кралство да се направи исклучок за селекцијата на Исланд, но тоа би било преседан.

Натпреварот помеѓу Данска и Исланд се игра на 15. ноември, а дуелот Англија – Исланд три дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус има интерес за играч од средниот ред на Милан

Италијанскиот гигант Јувентус го насочи својот интерес кон играчот од средниот ред на Мила…