Дома Фудбал Репрезентации Англија на Мундијалот во Русија со нов капитен

Англија на Мундијалот во Русија со нов капитен

Неодамна селекторот Герет Саудгејт го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за Мундијалот во Русија ова лето кој започнува на 14 јуни.

Покрај составот сега беше соопштено и дека Англичаните добиваат нов капитен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Досегашен капитен на Англија беше Вејн Руни, а од сега таа улога ќе ја извршува напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн.

Најголем конкурент на Кејн за капитенската лента му беше фудбалерот на Ливерпул Џордан Хендерсон.

Англија во Русија ќе игра во групата „Г“ заедно со Тунис, Панама и Белгија, а натпреварувањето го отвара на 18 јуни во 20:00 часот во натпревар против Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бевме шокирани, Донарума сакаше да остане во ПСЖ и за помалку пари“

Џиџо Донарума беше еден од клучните играчи за Париз Сен Жермен во освојувањето на Лигата н…