Дома Топ вести Англичаните откриваат: Мурињо слета во Загреб, преговара за хрватската ѕвезда!

Англичаните откриваат: Мурињо слета во Загреб, преговара за хрватската ѕвезда!

Англиските медиуми откриваат дека Жозе Мурињо денес слетал во Загреб да го гледа натпреварот помеѓу Хрватска и Украина, а особено ќе го следи настапот на еден хрватски репрезентативец.

Имено, менаџерот на Манчестер Јунајтед пристигнал во Загреб поради Иван Перишиќ и преговорите за неговиот трансфер од Интер на „Олд Трафорд“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


За одличниот хрватски репрезентативец силен интерес покажува и Јирген Клоп, но Мурињо сака да ја победи конкуренцијата и пристигнал во Загреб за лично да разговара со Перишиќ и неговиот агент.

Човекот кој посредува во преговорите е Пеџа Мијатовиќ, кој е одличен приајтел со менаџерот на фудбалерот Владо Лемиќ и наводно тројцата ќе имаат средба вечерва во еден луксузен хрватски хотел.

Перишиќ неодамна раскина со својот агент, а изворите наведуваат дека во преговорите за негов трансфер во Јунајтед учествуаат и познатите агенти Пини Захави и Фали Рамадани.

Перишиќ оваа сезона блеска во дресот на Интер, но „нероаѕурите“ тешко ќе можат да го задржат во своите редови, особено доколку не изборат пласман во Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…