Дома Фудбал Англија Англичаните ги поделија парите: Ливерпул доби повеќе од Сити!

Англичаните ги поделија парите: Ливерпул доби повеќе од Сити!

Кога е заработувачката во прашање, тогаш Премиер лигата е сигурно без конкуренција, а доказ за тоа е огромната заработка на клубовите и оваа сезона.

Англиската федерација денес ги објави сумите кои ги поделија клубовите за штитуку завршената сезона, а тие се вртоглави. Доволно е само да се каже дека последнопласираниот Хадерсфилд заработил дури 96,6 милиони фунти, или тоа е еднакво на 110 милиони евра!

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Интересно, шампионот Манчестер Сити заработи помалку од вторпласираниот Ливерпул. „Граѓаните“ инкасираа 150,9 милиони фунти, додека „црвените“ заработија 152,4 милиони фунти.

Тоа е поради фактот што во Велика Британија во директен пренос биле пренесувани 29 натпревари на Ливерпул и само 16 меча на Манчестер Сити.

50% од вкупните приходи од Премиер лигата се дели еднакво на сите клубови (како што може да се види на табелата), 25% се дели во зависност на бројот на прикажувани натпревари, а останатите 25% се селат според пласманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи остана без важен играч до крајот на сезоната.

Наполи може да остане без главен играч до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се …